Националниот совет за културно наследство даде позитивно мислење за Куршумли ан и Офицерскиот дом да бидат културни добра од особено значење

од admin_kult

Националниот совет за заштита на културното наследство на денешната седница едногласно даде позитивно мислење за елаборатите за ревалоризација на Куршумли ан во Скопје и на Офицерскиот дом во Битола, со што се исполнуваат условите тие да се прогласат за културно наследство од особено значење.

По повеќегодишно чекање, елаборатите за ревалоризација на овие две културни добра, кои се изготвени од надлежните институции за културни добра: Градскиот конзерваторски центар од Скопје за Куршумли ан и Заводот и музеј од Битола за Офицерскиот дом, новиот состав на Советот приоритетно ги стави на дневен ред.

Со позитивното мислење дадено од Националниот совет, овие две културни добра се ставаат во соодветна категорија, со што добиваат посебен режим на заштита и се обезбедува нивна соодветна конзервација, управување и одржување. Овој висок статус на заштита значи зачувување на автентичната состојба на објектите и не дозволува нивна натамошна деградација.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе