Завршено уредувањето на палеонтолошкиот локалитет ,,Стамер” кај Делчево

од admin_kult

Заврши проектот за уредување на палеонтолошкиот локалитет ,,Стамер” кај Делчево кој започна со откривање остатоци од масовна гробница на праисториски животни од страна на Природонаучниот музеј на Македонија.

Локалитетот има особено значење поради пронајдокот на гигантски рог од жирафа, која е нов вид кој зборува за размената на животни меѓу Јужна Европа, Јужна Азија и Африка. Меѓу фауната пак пронајдена на подрачјето на Стамер палеонтолозите ги напоменуваат носорогот, жирафа, тропрстен коњ, мастодон, говедо, хиена и свињата.

Во рамки на проектот за уредување на овој репрезентативен објект се поставени  информативни табли, изградба на видиковец, ознаки кон локалитетот, уредена ен пешачка патека, а планирано е и поставување на  склуптури на скелетни елементи од жирафа.

На територијата на Северна Македонија досега се регистрирани околу петнаесетина локалитети на кои се пронајдени остатоци од животински видови коишто во геолошкото минато егзистирале на подрачјето од нашата држава.

Покрај уредувањето на локалитетот „Стамер” којшто е прогласен за природна реткост, на територијата на Делчевско, информативни табли се поставени и на геолошкиот профил „Звегор” и на „Киселичка пештера”, кои исто така се прогласени за природни реткости.

Проектот е во рамки на „Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија  – фаза 2″ на Швајцарската агенција за развој и соработка координиран од страна на Фармахем, Скопје со подршка на Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation, во којашто е вклучено и Македонското еколошко друштво (МЕД).

Со вакви афирмативни уредувања и на други локалитети реализаторите на активностите очекуваат да се направи поголема популаризација на природното богатство на Северна Македонија, а со тоа и поголем развој на екотуризмот.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе