Во Камерната сала во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Виолин-фест“ кој им овозможува настап на млади домашни и странски виолинисти.
Младите виолинисти ќе настапат во придружба на пијанистката Марија Вршкова, а на програмата се дела од Елгар, Крајслер, Бах, Паганини, Виењавски, Шуплевски, Шпато…
На вечерашниот концерт ќе бидат одбележани и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Ѓаконовски-Шпато и 20 години од смртта на композиторот Драган Шуплевски. Во рамки на фестивалот ќе има и предавање и мини концерт во СОС Детско село.