Во летното кино на Кинотеката вечер (11 јуни) во 20 часот ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ на режисерот Димитрие Османли, од 1961 година.
Проекцијата истовремено ќе биде пренесувана во живо на јутјуб-каналот преку линкови објавени на кинотечната страница „Фејсбук“ и на веб-страницата на Кинотеката. На проекцијата ќе ѝ претходи видео во кое д-р Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката, ќе направи кратка анализа на филмот и неговото значење за македонската кинематографија. Влезот за проекцијата е бесплатен, но со претходно резервирани билети, а протоколите за заштита од „КОВИД-19“ остануваат во сила.