Оркестарот на Филхармонијата, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, вечер (3 јуни) во 20 часот ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта.
На програмата се дела од: Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат младите музичари: Софија Михајловска – пијано, Огнен Златанов – контрабас, Јосипа Василевска – флејта, Виктор Рафајловски – пијано, Теодора Пејиќ – соло пеење, Магдалена Дрмач – виолончело и Гоце Златев – пијано.