По повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, денеска (17 мај) во 13 часот во изложбениот салон на Музејот на град Неготино ќе биде отворена изложба со наслов „50 години Рацинови средби“.
Изложбата, која е во организација на Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со ЛУ Народен музеј Велес, содржи 23 паноа со фотографии, текстови, документи на кои се претставени добитниците на манифестацијата „Рацинови средби“ што се одржува еднаш годишно во јуни во Велес.
Изложбата, што ја осмислија стручен тим историчари од ЛУ Народен музеј Велес, за јавноста ќе биде отворена до 4 јуни.