Почнуваат 47. „Караманови средби“

од admin_kult

Во Радовиш денеска  свечено ќе биде отворено 47. издание на Меѓународната поетска манифестација „Караманови средби“.

Средбите продолжуваат со поетски интервали за Ацо Шопов „ И можеби ти ќе дојдеш тогаш“ кои ќе ги читат Игор Чапов и Јовица Илиќ, а потоа ќе се одржи поетски мозаик со македонски и странски поети преку видео обраќања.

Манифестацијата продолжува утре со промоција на поезијата на двајцата годинашни лауреати-Маи Ван Фан од Виетнам и Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија,  добитници на интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов 2020“.

Поетската манифестација „Караманови средби“ завршува со тркалезна маса на тема „Младите и новите трендови во македонската книжевност“, промоција на Зборникот поезија од деца и младинци учесници на годинашната манифестација и со читање на наградените творби.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе