Националната опера и балет утре, 27 ноември, со почеток во 19 часот, ќе одржи ексклузивен оперски гала-концерт.
Солисти на оперскиот концерт ќе бидат сопранистките Весна Ѓиновска-Илкова и Катерина Стојановска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и басот Владимир Саздовски, во придружба на Оркестарот на НОБ под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Во вториот дел од вечерта, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова. Ќе настапат Женскиот балетски ансамбл, сопранот Катерина Стојановска и Оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на концертот. Билетите се во ограничен број.