Во Музејот на македонската борба утре, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи дуетот на пијано Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски.
Концертот е посветен на 250-годишнината од раѓањето на композиторот Лудвиг ван Бетовен. Покрај дела од германскиот великан, на концертот ќе бидат изведени и композиции од А. Дворжак, Б. Сметана и Ж. Бизе.
Влезот за концертот е слободен.
Дванаесеттото издание на Фестивалот на музичките уметници „Златна лира 2020“ е во организација на СМУМ, а е поддржан од Министерството за култура.