Во Музејот на современа уметност утре (1 октомври) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Милчо Манчевски насловена „Таму“. Домаќини на настанот се Милчо Манчевски и Книжевниот центар-Антолог. Ирскиот уметник и декан на Колеџот за уметност „Бурен“, Конор Мекгрејди во своето видување на изложбата нагласува дека „Манчевски создава слики кои ги поместуваат границите на конвенционалното“. Во рамките на настанот, ќе биде промовирана и книга со фотографии од изложбата „Таму“ на издавачката куќа „Антолог“. Во книгата и изложбата избрани се 88 колор-фотографии, создавани во период од десет години. Кураторка на изложбата, која е поддржана од Министерството за култура како дел од Годишната програма за 2020 година, е Бојана Јанева-Шемова.