2021 – Година во чест на Блаже Конески

од admin_kult

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија.

Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година.

Оваа годишнина заслужува сите актери на културниот, академскиот и општествениот живот да ги мобилизираат своите креативни сили за достоинствено чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Затоа, Министерството за култура и Министерството за образование и наука подготвуваат платформа за усогласување на различните настани што ќе се одвиваат  на национално и на меѓународно ниво.

Мирот и довербата се стожерите на поетската и на научната дејност на Блаже Конески. Неговото  монументално дело ги инкарнира овие длабокoхуманистички идеали.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе