На 22 септември во 12 часот во просториите на Центарот за култура во Дебар ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот сликар Адем Сулејманоски.
На изложбата, кој ќе биде достапна за посетителите до 25 септември, ќе бидат претставени 19 дела од кои 10 дела се мозаици изработени со природен камен во техника директен мозаик, додека 9 слики се изработени масло на платно и акрил на платно – комбинирана техника.
Адем Сулејманоски е академски сликар од Ростуше. Училиште за применета уметност завршил во 1980 година, Факултет за ликовни уметности-сликарство во 1985 година, додека последипломски студии – сликарство во 2010 година.