Во Куршумли Ан во скопската чаршија денеска почнува 14-тото издание на „Скупи Фестивал“. Фестивалот завршува на 22 септември 2020.
Фестивалот, како што соопштија организаторите, нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фестивалот се состои од претстави, каде што новите тенденции во театарот не се единствено уметничка цел, туку се одвиваат и заедно со критичкото размислување за социјални и политички предизвикувачки прашања. Сите претстави се со почеток од 20 часот.
Во официјалната програма, професионални, независни, алтернативни театри, имаат можност рамноправно да се натпреваруваат, како што е Театар Миѓени од Скадар, Албанија со преставата „Црна кутија”, Српски народен театар со „Граматичко нарушување”, од Сараево, Босна и Херцеговина ни доаѓа „Целата моја љубов” на Сараевски Воен Театар, од Косовски Национален Театар „Будење на пролетта”, Спам Студио од Софија, Бугарија со преставата „Кокошка”, Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска со преставата „Златна лопата” и на крај преставата „Дел од колекција” од Театар Вагабонди од Софија, Бугарија.
Фестивалот има напреварувачки карактер, а за оваа едиција ќе бидат задолжени актерката Амернис Нокшиќи Јовановска, Наташа Поплавска и Евис Халили.
МТФ „Скупи Фестивал“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Куршумли Ан Скопска Чаршија.