Со претставата „Телефонот на мртовецот“, Кумановскиот театар вечерва ќе настапи на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
Претставата ќе се игра на отворено, на летната сцена во паркот во Струмица, со почеток во 20.30 часот. Станува збор за необична и интересна драма со многу емоции, во која се испреплетува љубовта и смртта. „Телефонот на мртовецот“ е работена според драмскиот текст на Сара Рул, а е во режија на Александар Ивановски.
Актерскaта екипа е составена од: Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска и Владанка Димковска.