Министерот за култура Хусни Исмаили на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
„Во мое име и од името на Министерството за култура ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Посакувам во ова време кога човештвото се соочува со големата борба против пандемијата предизвикана од коронавирусот, да покажете трпение и престојните празнични денови да ги поминете во здравје, радост и спокој во својот дом, заедно со семејството.
Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Убеден сум дека пораката на големиот празник уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно ќе бидеме добар пример за идните генерации“.