Археолошки истражувања на локалитетот Кула и конзервација на  владетелската палата на локалитетот Била Зора

од admin_kult

Заводот за заштита на спомениците и музеј од Штип започна археолошки истражувања на локалитетот Кула во близина на селото Калузлија во Општина Карбинци, како и на локалитетот Била Зора, во светиниколското село Кнежје, каде што во периодот што следува ќе се врши конзервација на владетелската палата.

Според Митко Штерјов, директор на Заводот и музеј – Штип, локалитетот Кула е населба и утврдување од доцноантичкиот период, а е лоциран на издаден гребен кој на западниот крај стрмо се издигнува над коритото на десната страна на Козјачка Река. Археолошките истражувања ќе се одвиваат околу еден месец, за што од Министерството за култура се издвоени 200 000 денари.

На археолошкиот локалитет Била Зора, пак, се одвива конзервација на владетелската палата која сè уште не е во целост откриена.

Откриената архитектура, разнобојната фрескодекорација, како и движните наоди, сведочат за нејзините високи културно-историски вредности како резиденција на пеонските владетели, што ја прават единствена од овој вид и време од досегашните откриени во внатрешноста на Балканот.

Локалитетот се простира на површина од 20 хектари. Целата површина на локалитетот претставува населбен простор од 7 до 2 век пр. н . е., во рамките на три хронолошки, културно и урбанистички различни населби. Најстарата населба од железното време била ограничена само на највисокото плато, заштитена со ограден бедем од сувоѕидани аморфни камења.

За конзервација на она што е истражено досега, Министерството за култура издвои 1,8 милиони денари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе