23-ти април Светски ден на книгата и авторските права

од admin_kult

Светот денеска (23 април) како симболичен датум во светската книжевност го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право,  а во чест на  двајцата великани на светската книжевност  Вилјам Шекспир и Мугуел де Сервантес  кои со своите  дела го задолжија човештвото.

Годинава Светскиот ден на книгата се одбележува во вонредни услови и на специфичен начин поради пандемијата на коронавирусот и борбата оод ширење на заразата.  Затоа во време кога светот е затворен  и на луѓето им е ограничено движењето , дружењето со книгата претставува еден од начините за олесниување на времето на изолација и самоизолација. Дружењето со книгата и нејзината моќ во оваа сеопшта затвореност може да се искористи за проширување на хоризонтите,  за стимулирање на нашите умови и за креативност.

Инаку одлуката за одбележување на Светскиот ден на книгата и на авторското право е донесена на Конференција на УНЕСКО одржана во Париз во 1995 година. Организацијата на Обединетите Нации за образование, наука и култура УНЕСКО. Светскиот ден на книгата и авторското право секоја година овој ден го  одбележува со помош на бројни издавачи, книжари, библиотекари, учители и стручњаци за комуникација. УНЕСКО посакува секој, а особено младите да ги поттикне  на читање, да го промовира издаваштвото и заштитата на интелектуалната сопственост по пат на заштита на авторското право.

Во светската порака за оваа година испратена од УНЕСКО се вели:„ Денес, повеќе од кога и да било, во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност“. Светската организација ја повикува јавноста да  споделува информации за омилени книги и да ја препраќа позитивна порака во своето опкружување со хаштазите  #WorldBookDay and #StayAtHome.

Пораката од Северна Македонија годинава ја испраќа проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар. Под наслов „Умот царува, а книгата го храни“, професорот Чепреганов вели:„ Книгата е изворот, фундаментот и светлината во животната филозофија на нашата секојдневна егзистенција. Дружете се со неа и почитувајте ја како секојдневна насушна храна, којашто ќе ви го збогати умот и животот“.

Во далечна 1995 година, УНЕСКО го прогласи 23-ти април Светски ден на книгата и авторските права, овој датум има уште едно посебно значење за Каталонија. Тоа е ден на  Свети Ѓорѓи  (Sant Jordi) ден на љубовта и литературата што се прославува во Барцелона и низ Каталонија преку иницијативата Книги и рози. Оваа глобално призната иницијатива што обединува книги, рози и љубов се пренесе  надвор од границите на Каталонија со преку 150 активности кои  се одржуваат секоја година во повеќе од 50 земји.

Како знак на благодарност, луѓето разменуваат книги и рози, а корените на оваа специфична прослава доаѓаат од мешавина на историски традиции. Од една страна, Св. Ѓорѓи е заштитник на Каталонија уште од 15 век, а од другата страна, тој се потпира на познатата легенда на Свети Ѓорѓи и змејот (витез го победува  змејот, кој ги тероризираше селото и принцезата, а откако го убил змејот, Свети Ѓорѓи и ја дава на принцезата една прекрасна црвена роза) и старата средновековна традиција на посета на капелата Sant Jordi (Св. Ѓорѓи) во Palacio de la Generalitat во Барселона, каде порано се одржуваше саемот со рози или „саемот на љубовниците“. Затоа Св. Ѓорѓи (Sant Jordi) е исто така заштитник на Каталонија.

На тој ден во Каталонија се продаваат дури 1,5 милиони книги и над 6 милиони рози, а обичајот го шират и библиотеките ширум светот.

Иако годинешното славење на литературата ќе биде далеку од библиотеките и книжарниците, тоа нема да го намали значењето на овој значаен и признат датум ширум светот, како и пораките за значењето на читање кои ги споделуваме со Вас почитувани наши читатели.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе