Согласно со член 4-б од Законот за државните награди („Службен весник на Република Севeрна Македонија“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18), и законот за употреба на јазиците (Службен весник бр.7/19), со државната награда „22 ноември“ се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во упаредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „22 ноември“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 мај.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 22 ноември – Ден на албанската азбука
Државната награда „22 Ноември“ за првпат е доделена во 2019 година.