10. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“

од admin_kult

Со проекцијата на филмот „Итало“ од режисерката Алесија Скарсо, вчера во киното „Милениум“ беше  отворено 10. издание на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.

На фестивалот годинава годинава ќе учествуваат  повеќе од 500 учесници од земјава, како и  од Италија, Бугарија, Србија, Романија, Полска и Ирска.

Џифонците, како што информират организаторите, освен што ќе гледаат филмови од поновата европска продукција,  предвидени се дискусии за филмовите, работилници, средби со успешни уметници. Меѓу другото, учениците ќе имаат можност да се запознаат со културата и традициите на учесниците од странство.

Фестивалот ќе биде затворен на 10 октомври кога ќе бидат објавени  и победничките филмови во сите категории, а ќе бидат прикажани и творбите кои ќе произлезат од петдневните креативни работилници.

„Џифони Македонија“ се реализира во поддршка на Агенцијата за филм,  Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе