В четврток, 12 мај, во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата „Хартии“ од македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски.
Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.
Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови (од 1983 г.) па сѐ до последните патувања на Сергеј низ светот.
Најголемиот дел од сликите, цртежите и скиците се претставени на неколку континенти, но никогаш досега не биле изложени пред македонската јавност. Куратор на изложбата што ќе биде отворена до 12 јуни е д-р Кирил Пенушлиски. Проектот е поддржан од Mинистерството за култура и од Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје.