На иницијатива од Музејот на македонската борба за самостојност, викендов, на отворањето на четвртото издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, семејството Поповски донира 46 лични предмети од големиот македонски поет Анте Поповски.
Едно уметничко дело, признанија, лични ракописи, ордени и други документи ќе го красат музејскиот фундус.
Директорката на Музејот, Даниела Николова, изрази благодарност до семејството на Анте Поповски и најави голема ретроспективна изложба на која сиве овие предмети ќе бидат претставени пред пошироката јавност.