„Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ е темата на форумот што денеска напладне ќе се одржи во киносалата на Музејот на Република Северна Македонија.
Форумот го организираат Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музејот на Република Северна Македонија.
Како што наведуваат организаторите, главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција што треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти.