Националната филхармонија вечер, со почеток во 20:00 часот, ќе го изведе концертот „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор Арон Копланд.
На програмата се неговата Трета симфонија и Концертот за кларинет и оркестар, а како солистка ќе настапи една од најдобрите кларинетистки на светската музичка сцена во моментов – Шерон Кам. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.
Од Филхармонијата информираат дека Арон Копланд (1900 – 1990) е исклучителен композитор кој создаде богат музички опус, кој рефлектира типичен „американски звук“.