НУ Центар за култура – Битола во следните три дена ќе биде домаќин и организатор на Меѓународниот фестивал на музика од светот на кој ќе настапат уметници од Португалија, Србија, Бугарија и од Северна Македонија.
Ова 14. издание на Фестивалот „Музика од светот“, кое годинава се одвива под слоганот „Време е за светскиот звук, дома. Дојди, откриј нова музика!“, ќе биде отворено со настапот на португалската уметница Јоана Амендоеира, која го негува правецот на новата фадо-генерација.
На Фестивалот ќе настапи и македонската група „Фонтана“ со камерниот оркестар „IWConnect“, а специјални гости се: Даница Крстиќ, вокал од Србија; Ангел Демирев, гитарист од Бугарија; Џамбо Агушев на труба.
Фестивалот „Музика од светот“, кој годинава има и ново лого, ќе заврши в недела со концертна промоција на групата „Лилит“.
Фестивалот „Музика од светот“ е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола.