НУ „Турски театар“ денеска во 20:00 часот, ќе ја изведе претставата „Bella figura“ од Јасмина Реза во режија на Ирена Стеријовска.
Во претставата играат: Зиба Радончиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Џенап Самет, Селпин Керим, Филиз Ахмет, а специјален гостин е Инес Радончиќ. Сценографијата е на Стефан Спировски, а костимите на Ана Кркулевска Попоски.
Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со превод на македонски јазик.
Приходите од билетите за претставата ќе бидат донирани за населението погодено од земјотресот во Турција.