Националната опера и балет гостуваше во Пловдив

од admin_kult

Националната опера и балет, со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”, вчера гостуваше  во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Бугарија.

Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а балетската изведба е на првенки и првенци на Македонскиот балет.

Гостувањето е поддржано од Министерството за култура на Република Бугарија.

Претставата ја следеше и Агнеза Руси Поповска, амбасадорка на Република Северна Македонија во Република Бугарија, која оствари и кус и срдечен разговор со раководните лица на двете водечки културни установи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе