Трето издание на манифестацијата „Златна рамка“ – Денови на македонски филм

од admin_kult

Под мотото „Повторно влегуваме во наш филм“, од 25 почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Во рамки на манифестацијата „Златна рамка“, која ќе трае три дена,   македонската публика ќе има можност да ги погледне сите филмови кои беа реализирани изминатата, 2020 година, во мнозинска продукција, поддржани од Агенцијата за филм.

Филмовите за прв пат годинава ќе бидат прикажани на две локации МКЦ – Кино „Фросина“ и Кинотека на Северна Македонија, кино „Мирно лето“.

 

Сите проекции на документарни, краткометражни и долгометражни филмови се бесплатни, а по секоја проекција, публиката ќе има можност да ја запознае екипата која работела на филмот и да учествува во отворена дискусија.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе