Со изложба на театарски фотографии и премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето.
Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии од Сречко Гунчев е со наслов „75 години НТ Антон Панов“, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.
Инаку, струмичкиот Народен театар почнал официјално да работи на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставена на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.