Заменик-министерот за култура Даим Лучи, во текот на работната посета на Чанаккале,
Р Турција, оствари средба со Исмаил Кашдемир, поранешен пратеник и актуелен директор на историскиот локалитет Галиболу (Галиполе), каде што за време на Првата светска војна се водела битката за Чанаккале.
На средбата соговорниците разговараа за заштитата и промоцијата на заедничките културно-историски вредности, како и за идните планови на полето на културата.
За време на престојот во Чанаккале, Даим Лучи оствари средба и со гувернерот на областа Бајрамиќ, Алпер Таш. На средбата стана збор за односите меѓу двете земји, за заедничката историја и за промоцијата на културните вредности.