Спектакуларната епска музичка драма „Валкира“ од германскиот композитор Рихард Вагнер, во режија на Пламен Карталов и во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре (сабота, 18 мај) од 18:00 часот гостува на 52. „Мајски оперски вечери“.
Диригент на овој музичко-сценски спектакл е Еван Алексис, сценографијата е на Ханс Кудлих, а костимите се на Христијана Михалева-Зорбалиева.
На сцената на Националната опера и балет ќе настапат Томас Хол, Маријана Цветкова, Мартин Илиев, Ангел Христов, Гергана Русекова и Цветана Бандаловска, заедно со оркестарот, хорот и балетот на Софиската опера.