Со пригоден собир во селото Никифорово беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на Чеде Филиповски Даме, народен херој од НОВ

од admin_kult

Заменик-министерот за култура Даим Лучи на собирот на кој присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека Регионот на Маврово и Ростуше низ минатото дал значајни народни херои, но и голем број истакнати културни дејци кои се значаен дел од македонската традиција, историја и култура. 

„Историјата и народните херои имаат непроценливо значење за нас како луѓе и како народ. Тие нè потсетуваат кои сме, од каде доаѓаме и што сме способни да постигнеме. Но, најважно од сè, тие нè учат да го цениме минатото, да го почитуваме нашето потекло и да ги обликуваме нашата иднина и нашето наследство“, истакна Лучи.

Тој додаде дека иако живеел само 22 години, народниот херој Чеде Филипоски-Даме  има свое значајно место во македонската историја, во колективната меморија и во борбата за слобода на македонскиот народ. Го доживеал тоа што е сон на секој борец за слобода на Македонија – да е на чело на дивизија, да го ослободи и родниот крај, да ја види слободна Македонија.

За значењето на Чеде Филиповски Даме во Втората светска војна и одбележувањето на 100 годишнината од неговото раѓање беше прикажан документарен филм, на бистата и спомен чешмата во неговото родно село беше положено цвеќе, а беше изведена и пригодна културно уметничка програма.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе