Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права
- За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, наградата им се доделува на:
- Денис Јанкуловски
- Ленче Здравкин.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2022 година (сабота), во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот,
Уранија Пировска