Од 5 до 8 мај во Чалакли, Валандовско, се одржа традиционалниот Фестивал на пролетни веселби „Хид бах шен фест“, што е дел од репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.
– Фестивалот се одржува по повод празникот Х’дерелез и на него учествуваа културно- уметнички друштва од нашата држава и од Европа, претставувајќи ги сопствените културолошки и автохтони посебности – информираа организаторите. Овој фестивал, како што посочуваат, се организира за да се презентира посебноста пред светот и го симболизира мултикултурализмот како вредност.