Здружението Македонски национален комитет на ИКОМ денеска, со почеток во 12 часот, во НУ Музеј на Република Северна Македонија ќе одржи семинар за транспорт на музејски предмети насловен „Стандарди и ракување при транспорт на заштитени движни културни добра во земјава и во странство“.
На семинарот ќе се обратат Милчо Георгиевски – историчар на уметноста, советник кустос во пензија; Наде Геневска Брачиќ – етнолог, кустос советник во НУ Завод и музеј Битола; Перо Арџанлиев – кустос советник во НУ Археолошки музеј на РС Македонија.