Претставници на Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, НУ Архелошки музеј, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и на НУ Музеј на Северна Македонија беа дел од учесниците на дводневниот семинар за заштита на животната средина и културното наследство организиран од Амбасадата на Италија.
На семинарот, на кој учествуваа претставници на министерствата за внатрешни работи, за животна средина, за земјоделство и за култура и италијански експерти, беа разменети искуства, мислења и ставови од областа на заштитата на археолошкото и културното наследство, меѓународната трговија на архелошки артефакти, безбедноста на археолошките локалитети и музеи.
Министерството за култура и во иднина ќе биде дел од активностите чија цел е зголемена ефикасност во менаџирањето со културното наследство во Република Северна Македонија.