На 21 март, Светскиот ден на поезијата, во понеделник, со почеток во 11:00 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечен настан на кој ќе бидат прогласени добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година.
По свеченото прогласување на добитниците на наградите, ќе следува поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар и на Друштвото на писатели на Македонија.
Настанот е во организација на Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.Е.Н Центар и Друштвото на писатели на Македонија.