Македонскиот пијанист и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во салата „Бугарија“ во Софиската филхармонија.
Нашиот пијанист настапи пред софиската публика свирејќи ја симфонијата бр. 2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев.
Ова е шести настап на Имери со Софиската филхармонија. Меѓу многубројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на РСМ, беше и новоименуваната амбасадорка на РСМ во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.
Имери го посети и Културно-информативниот центар на РСМ во Софија.