Во Театарот во Штип денеска, 27 ноември, со почеток во 20:00 часот штипската публика ќе има можност да ја проследи театарската претстава на Вондерленд театар со наслов „Работи за кои не зборуваме“.
Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а драматург е Викторија Рангелова-Петровска.
Во претставата играат: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Сценографијата е на Васил Христов, костимите се на Роза Трајческа-Ристовска, а изборот на музиката го направи Нела Витошевиќ.
Станува збор за авторски проект на екипата базиран врз лични монолози, анонимни сведоштва и документарен материјал.
Претставата е продукција на Вондерленд театар (Wonderland theatre), во копродукција со Македонскиот народен театар, и се реализира со поддршка од Министерството за култура.