Во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, денеска, среда 18 мај, 2022 година со почеток од 18.30 часот, ќе биде претставена книгата „Утеха за голите“ од еден од најреномираните млади македонски писатели, Давор Стојановски.
За книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“) и преведувачката Тања Попова.
„Утеха за голите“ е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов, приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност.
Книгата е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската унија и за најголемата награда за литература во Северна Македонија – „Роман на годината“.