Во Францускиот институт во Скопје утре (15 февруари) во 18:00 часот ќе се одржи промоција на македонските преводи на делата „Идис“ од Робер Бадентер и „Везење“ од Марџан Сатрапи.
Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ се организатори на промоцијата на овие дела. „Идис“ од Робер Бадентер е во превод на Гзиме Старова, во издание на издавачката куќа „Или-или“, додека, пак, „Везење“ од Марџан Сатрапи е во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, а во издание на „Бункер“.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик, според најавата, ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка, Иго Бештел.
Ќе се обратат и претставници од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе се осврнат на преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.