Книгата со наслов „The Early Christian Mosaics in the Ohrid region“ (Ранохристијанските мозаици во Охридскиот Регион) од Мишко Тутковски ќе биде промовирана денеска, во 13:00 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.
Публикувањето на книгата е финансирано од Универзитетот Сорбона во Париз и од Министерството за култура на РС Македонија, во издание на издавачката куќа „Каламус“.
Промотори на книжевното дело се проф. д-р Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје и д-р Мари-Патриција Рејно од Националниот центар за научни истражувања во Париз.