Во Кинотеката на Република Северна Македонија утревечер (2 јули) во 20:30 часот на летната сцена „Мирно лето“, со проекција на концертот на Влатко Стефановски во загребската концертна сала „Лисински“, започнува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, што оваа установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Кроација рекордс“ (Croatia Records).
Концертот на Влатко Стефановски се одржа на 17 април 2018 година, кога беше промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“. На неговиот концерт настапија и „Љубојна“, Хојсак и Новосел и Јосипа Лисац. Изданието, чија проекција ќе је проследат љубителите на музиката, содржи 18 песни и трае речиси два часа.
Од Кинотеката информираат дека ако заврне, настанот ќе може да се проследи во внатрешноста на оваа установа. Оттаму додаваат дека влезницата е 100 денари.