Во организација на Здружението за субкултура ПП „Џез-фестивал“, од четврток до недела (25 – 27 август) на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 11-тото издание на фестивалот „Прилепски џез-викенд“ (Prilep Jazz Weekend).
Прилепскиот џез-фестивал и овојпат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти и перформанси. Фестивалот ќе го отвори експерименталното џез-фјужн трио од Скопје „3JECT“, а по него ќе настапат гостите од Бугарија „Метаморфоза“, предводени од Росен Захариев, еден од најдобрите трубачи во Европа.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Прилеп.