Меѓународен фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ во Струга

од admin_kult

Во Паркот на поезијата во Струга в четврток (25 август) ќе се одржи 17. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“.

Годинава, како што соопшти организаторот, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ќе настапат осум фолклорни ансамбли и друштва од Северна Македонија и од земјите од Балканот, кои преку песни и игри ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Фестивалот „Фолклорен мост“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе