Претставата „Ковачи“ од Алек Попов, во режија на Деан Дамјановски, утре (6 септември) во 20 часот ќе биде изведена на сцената на Театар – Куманово.
Сценограф на претставата е Филип Јовановски, кој го направи и дизајнот на плакатот. Костимите се дело на Елена Вангеловска, драматург е Зоран Зафировски, а асистент сценограф е Крсто Богојевски.
– Денес сме сведоци на еден „култ“ кон среќата. Како постојано да ја бараме во секојдневните задоволства – храната, спортот, сексот, религијата, новите философии. Постојат цели индустрии кои ни продават „среќа“ – од „селф хелп“ индустријата, преку козметичката, до филмската. Ве очекуваме на нашата нова претстава. Претстава која нема да ве остави рамнодушни, претстава на која сме сигурни дека ќе уживате – најавуваат од Театарот – Куманово.
Актерска екипа ја сочинуваат: Антонио Димитриевски, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ,
Марко Трајковиќ.