Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ по текст на Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, ќе биде одиграна вечер во 20 часот на малата сцена на Националната опера и балет. Претставата е во рамките на 48. издание на театарскиот фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ) и е во официјалната селекција за наградата „БИШ“.
Во претставата играат: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ/Ања Митиќ, Ана Грамосли/Нина Елзесер и Јанка Лефкова. Продуцент на претставата е Андреа Маркоска, драматург е Стефан Миленков, костимографијата е на Марта Дојчиновска, сценографијата е на Ненад Тонкин и музиката е на Сашко Костов.