Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 21 септември (четврток) во 12 часот во Медија-центарот во Владата ќе одржи прес-конференција.
На прес-конференцијата јавноста ќе биде запознаена со заклучоците од 45.сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 12 до 17 септември во Ријад, Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на Охридскиот Регион.
На прес-конференцијата ќе стане збор и за актуелните теми и состојби поврзани со Националната филхармонија и со НУ Библиотека – Тетово.
Ги покануваме новинарските екипи да ја проследат прес-конференцијата.
Видеоматеријалот може да го преземете од преносот во живо со висока ХД-резолуција преку следниве линкови:
MK – https://youtube.com/live/yP_iulRN4iA
ALB – https://youtube.com/live/1fNoaFnElWk