На сцената во Театарот Комедија вечер ќе биде изведена премиерата на претставата „Илуминати“, работена според култниот филм на Хичкок „39 скали“.
Жанровски, претставата е уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик.
„Илуминати” е во режија на Синиша Евтимов, а играат: Валентин Костадиновски-Тино, Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски.
Сценографијата е на Мартин Манев, а костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска. Дизајнот на звук е на Георгиј Полизов, а тон-мајстори се Георгиј Полизов и Томи Анчов. Дизајнот на светло е на Мартин Манев, а светло-мајстор е Слободан Илиоски.
Претставата ќе се прикажува и в сабота и в недела, 19 и 22 ноември.