Во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”, вечерва, со почеток во 20 часот, Народниот Театар Охрид, премиерно ќе ја изведе претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
„Крик за љубов“ е „комедија на карактери“ натопена во љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта.
Во претставата со која Народен театар Охрид одбележува 10 години постоење играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цоневи и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.
Претставата ќе биде реализирана согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.