Изложба во Прилеп: Бојата на небото и водите во Тиквешијата од Темков

од admin_kult

 Во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска  во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков.

Уметникот пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.

Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде што и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број групни претставувања.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе